Поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми, е официјално обвинет во Соединетите Американски Држави, објавува CNN.
Коми, еден од авторите на теоријата за наводно руско мешање во претседателските избори во 2016 година, на кои победи Доналд Трамп, е обвинет за лажење на Конгресот и попречување на правдата.
Според американските медиуми, поранешниот директор на ФБИ се соочува со затворска казна до пет години. Тој се изјасни за невин на суд.
Доналд Трамп, кој го отпушти во 2017 година, го нарече Коми „еден од најлошите луѓе што оваа земја некогаш ги има сретнато“.
Веќе во 2018 година, Трамп изјави дека „Коми треба да биде во затвор“ за она што го нарече корупција.
Поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Бренан е исто така под истрага во истата кривична постапка.