Нов проблем за КК Куманово: Бојан Трајковски пред суспензија од МКФ!

Сподели со своите пријатели

Бојан Трајковски кој пред околу две недели потпиша за нова сезона во КК КУманово се наоѓа пред суспензија од страна на Македонската кошаркарска федерација поради како што велат непрофесионалниот однос на Трајковски на стартот на подготовките на националниот тим за квалификациите за Европбаскет 2017.

Дисциплинската постапка, како што пишува порталот Екипа може да доведе до тоа Трајковски да не може да игра кошарка на стартот на новата сезона.

Трајковски по неколкудневно тренирање не беше дел од репрезентативниот тим. Потврди дека си заминал, а Раца тврди дека кошаркарот на Куманово добил дополнителни слободни денови бидејќи бил кум на свадба, а по неколку денови воопшто и не се појавил. Тоа за Раца било крајно непрофесионално што водело кон дисциплинската постапка на Трајковски.

Дисциплинската комисија се уште не заседавала, но според информациите на спортските портали Трајковски со сигурност може да очекува да биде казнет со суспензија. Тоа би довело до сериозен проблем за КК Куманово, бидејќи тој нема да може да настапува во почетокот на сезоната. А, засега тој е единствениот кој го продолжи договорот во сино-белиот дрес.

 

Loading...