Свински глави оставени пред неколку џамии во Париз, полицијата ги истражува случаите

Сподели со своите пријатели

Француската полиција започна истрага во вторник откако свински глави беа пронајдени пред неколку џамии во Париз и околните области, изјави шефот на париската полиција Лоран Нуњез.

– Вложуваме максимални напори да ги пронајдеме сторителите на овие гнасни дела – напиша Нуњез на социјалната мрежа X.

Според извор близок до истрагата, свински глави беа пронајдени на јавни места во Париз и уште две блиски области надвор од градот.

Министерот за внатрешни работи Бруно Рејто ги осуди дејствијата, нарекувајќи ги „скандалозни“ и „апсолутно неприфатливи“.

– Сакам нашите сограѓани муслимани да можат слободно и мирно да ја практикуваат својата религија – рече министерот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иранскиот министер се среќава со директорот на МААЕ по прекинот на соработката

Франција е дом на најголемата муслиманска заедница во Европската Унија, но и на најголемото еврејско население надвор од Израел и Соединетите Американски Држави.

Неколку земји од ЕУ регистрираа зголемување на омразата кон муслиманите и антисемитизмот од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година, според Агенцијата на Европската Унија за фундаментални права.

Да потсетиме дека палестинската милитантна група Хамас започна напад врз Израел од Газа на 7 октомври 2023 година, на што Израел одговори со интензивни напади врз Појасот Газа.