27-годишен кумановец уапсен поради агресивно однесување кон полицаец

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен жител на Куманово бил приведен вчера попладне поради агресивно однесување кон полициски службеник.

– На 04.09.2025 во 16:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле С.Н.(27) од Куманово затоа што на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел службена дејност, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Loading...

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово утре против Ѓорче Петров, МРК Куманово против Радовиш