Во рамки на традиционалната фестивалска манифестација што овие денови се одржува во Куманово, општинскиот секретар Емилија Сларидис Јаневска и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, остварија средба со делегациите на фолклорните уметници.
Средбата, која се одржа во пријателска и срдечна атмосфера, беше посветена на значењето на културно-уметничките настани кои, како што беше истакнато, претставуваат можност за промоција на традицијата и националните обележја на земјите учеснички, но и за зајакнување на меѓународната соработка преку уметноста.
Овогодинешната фестивалска програма ја збогатија ансамбли од Македонија, Србија, Романија, Полска и Мексико, кои пред кумановската публика ја претставија богатата културна и фолклорна традиција на своите народи.
Никола Ивановски