Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, разговараше по телефон со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и сподели со него информации за неговата претстојна средба со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти денес прес-службата на Кремљ.
Loading...
„Владимир Путин и Ким Џонг Ун се согласија за понатамошни лични контакти“, се вели во соопштението, пренесува РИА Новости.
Лидерите ја потврдија својата посветеност на понатамошниот развој на пријателските односи, добрососедството и соработката меѓу двете земји.
Рускиот претседател високо ја ценеше поддршката што ја даде Северна Кореја за време на ослободувањето на Курската област од режимот на Киев, според соопштението на Кремљ.