Американскиот претседател Доналд Трамп најави испраќање на стотици членови на Националната гарда во Вашингтон и преземање на контролата врз градските полициски сили за справување со криминалот.
На прес-конференција, тој прогласи „Ден на ослободувањето“ за градот, ветувајќи дека ќе „го спаси главниот град на нацијата од криминал, крвопролевање, хаос и беда“.
Од друга страна, градоначалничката на Вашингтон, Муриел Баузер, тврди дека градот доживеал „огромен пад на криминалот“ и дека „насилниот криминал е на најниско ниво за 30 години“, пишува Би-Би-Си.
Дали насилниот криминал е навистина во пораст?
Во својата извршна наредба, со која се прогласува „вонредна состојба поради криминал“, Трамп споменува „зголемено насилство“, а на конференцијата постојано повторуваше дека криминалот е „надвор од контрола“.
Сепак, податоците од Метрополитенската полиција (MPDC) покажуваат спротивен тренд.
Насилните злосторства се во опаѓање откако го достигнаа врвот во 2023 година, пред да достигнат тридецениско ниско ниво во 2024 година.
President Trump once again catapulted crime in D.C. into the national conversation.
“It has become one of the most dangerous cities anywhere in the World,” he said in a Truth Social post.
Local and federal data, though, paint a contrasting picture: https://t.co/e6s2WGG96s pic.twitter.com/fUY8G52xWv
— The Washington Post (@washingtonpost) August 11, 2025
Прелиминарните бројки за 2025 година покажуваат дека опаѓањето ќе продолжи.
Вкупниот насилен криминал е намален за 26% оваа година во споредба со истиот период минатата година, додека грабежите се намалени за 28%.
Сепак, Трамп и полицискиот синдикат на Вашингтон ја доведоа во прашање точноста на податоците.
Постојат и разлики во статистиката објавена од MPDC и FBI. Додека податоците на MPDC за 2024 година покажаа пад од 35%, FBI забележа пад од 9%.
Иако бројките се разликуваат по процент, двата извори потврдуваат дека криминалот е во опаѓање.
Адам Гелб, извршен директор на правниот тинк-тенк Совет за кривична правда (CCJ), истакнува дека трендот на опаѓање е „несомнен и голем“.
„Бројките се менуваат во зависност од временскиот период и видовите криминал што ги разгледувате“, рече Гелб.
„Но, генерално, има несомнено и големо намалување на насилството од летото 2023 година, кога имаше врвови во убиствата, вооружените напади, грабежите и кражбите на автомобили.“
Што е со бројот на убиства?
Трамп, исто така, тврдеше дека „убиствата во 2023 година достигнаа веројатно највисока стапка досега“ во Вашингтон.
Стапката на убиства скокна на околу 40 на 100.000 во 2023 година, највисоко ниво за 20 години, според ФБИ.
Сепак, ова не е највисоката стапка досега забележана – таа беше значително повисока во текот на 1990-тите.
Стапката на убиства се намали во текот на 2024 година и е за 12% пониска оваа година во споредба со истиот период минатата година, според податоците на MPDC.
Сепак, студиите сугерираат дека стапката на убиства во главниот град е сè уште повисока од просекот за другите големи градови во САД. До 11 август оваа година, беа регистрирани 99 убиства.
Washington, D.C. should be a symbol of pride but it’s now one of the most dangerous cities in America.
Homicides 6x higher than NYC. Carjackings up a staggering 547 percent. Nearly 100 murders already in 2025 including a 3-year-old & a Capitol Hill intern.
It’s time to… pic.twitter.com/a5tKLVZEJP
— RSC (@RepublicanStudy) August 11, 2025
А кражба на автомобили?
Трамп, исто така, спомена дека „бројот на кражби на автомобили се зголемил повеќе од трипати“ во последните пет години.
Оваа година, MPDC регистрирал 189 вакви кривични дела, што е намалување од 300 во истиот период минатата година.
Според CCJ, кражбите на автомобили значително се зголемиле од 2020 година и достигнале врв во јуни 2023 година.
За борба против малолетничкиот криминал, полициски час за лица под 17 години е во сила од јули 2025 година.
Споредба со остатокот од САД
„Нивото на насилство во Дистриктот останува генерално повисоко од просекот на триесетина градови во нашиот примерок“, рече Гелб од CCJ.
„Иако неговиот тренд на опаѓање е во согласност со она што го гледаме во другите поголеми градови низ земјата“, додаде тој.
Анализата на CCJ, која опфаќа 30 големи градови во САД, покажува дека стапката на убиства во Вашингтон се намалила за 19% во првата половина од 2025 година во споредба со истиот период минатата година, што е малку поголем пад од просечниот.
Сепак, во споредба со 2019 година пред пандемијата, намалувањето на убиствата е само 3%, додека во другите градови намалувањето беше 14%.