Земјотрес со интензитет од 4,0 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди подрачјето во близина на Неапол во јужна Италија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).
Loading...
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од три километри, 10 километри западно од Неапол, односно 182 километри источно од Рим.
Во исто време, земјотрес со интензитет од 2,1 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето во близина на Болоња во северна Италија, соопшти EMSC. Во соопштението се наведува дека епицентарот на тој земјотрес бил на длабочина од 30 километри, 34 километри од Болоња.