ХАОС ВО ПАРЛАМЕНТОТ: Се степаа пратениците во Ерменија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Народното собрание на Ерменија се случи тепачка меѓу пратениците, а видеото од хаосот го сподели пратеничка која била сведок на сè.

Loading...

Сè започна откако Генералниот обвинител поднесе барање за одземање на пратеничкиот имунитет на Артур Саргсјан, пратеник од фракцијата „Ерменија“, и покренување кривична постапка против него.

По неговиот последен говор на денешната вонредна седница на Народното собрание, Артур Саргсјан се обиде да ја напушти собраниската сала, бидејќи можеше да биде слободен уште неколку часа и да помине време со своето семејство пред апсењето.

Во тој момент, пратеникот на Комунистичката партија Вахе Галумјан, според пратеничката на фракцијата „Ерменија“ Кристина Варданијан, трчаше по Артур Саргсјан, обидувајќи се да го нападне одзади.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Додека Европа се „топи“, на италијанските Алпи падна снег (ВИДЕО)

Пратеничката Кристина Варданјан сподели видео од вревата и тепачката што се случи во салата на Народното собрание.

Варданјан раскажа и го покажа видеото дека и други пратеници трчаа по Галумијан. Во тој момент, голем број припадници на обезбедувањето влегоа во собраниската сала.

Во хаотична ситуација, пратениците забележале маж во салата кој не бил член на Националното собрание.

„Кој е ова? Непознато лице. Кој си ти да зборуваш така со член на парламентот?“ прашале опозициските членови.

Loading...

Во тој период, човекот истрчал од собраниската сала.

Непознатиот маж бил Арман Бархударјан, член на Комунистичката партија на Ерменија и поранешен началник на административниот округ Малатја-Себастија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трагедија во Италија: Се урна покрив на ресторан, девојка загина, 10 лица повредени