Четири работници загинаа, додека 22 беа повредени во пожар во зградата на Египетскиот телеком во Каиро, соопшти денес египетското Министерство за здравство.
Пожарот избувна во понеделник, прекинувајќи ги телефонските повици и пристапот до интернет во Каиро.
Министерот за комуникации и информатичка технологија Амр Талат денес изјави дека ситуацијата постепено ќе се нормализира во рок од 24 часа.
Пожарот ги оневозможи некои дигитални банкарски услуги, онлајн трансакции и работењето на банкоматите.
Се претпоставува дека причина за пожарот е краток спој во електричните инсталации, пренесува Ројтерс.