Хрват исчезнал пред 30 години: Семејството го погребало, сега се испостави дека е жив

Сподели со своите пријатели

Борис Ц., хрватски државјанин од Вирзен (Северна Рајна-Вестфалија), кој исчезнал во 1994 година, беше пронајден жив во Франција.

Loading...

Веста ја шокираше германската и хрватската јавност, бидејќи со децении се веруваше дека Борис е жртва на убиство.

Борис Ц. исчезнал во Германија на 37-годишна возраст, а беше пронајден повеќе од три децении подоцна, жив и здрав, под нов идентитет и со ново семејство, во Франција.

„Слободна Далмација“ пишува дека овој неверојатен пресврт на настаните фундаментално ги потресе сите претходни претпоставки на истражителите.

Неговото исчезнување во тоа време изгледаше како типичен случај на криминал: неговиот автомобил беше пронајден во Дизелдорф, со траги од крв за кои подоцна се покажа дека му припаѓаат нему.

Германската полиција веднаш претпостави дека е убиен.

Иако истрагите траеја со години, Борис никогаш не беше пронајден.

Неговото семејство официјално го прогласи за мртов во 1997 година, објавува списанието „Феникс“.

Loading...

Дури по повеќе од 30 години, беше откриено дека Борис Ц. всушност живее во Франција.

Според канцеларијата на државниот обвинител, тој внимателно го испланирал своето исчезнување.

Признал дека е во сериозни долгови и дека се плаши за својата безбедност и безбедноста на своето семејство. Затоа решил да „исчезне“ и да го започне својот живот од почеток.

Погрешни индиции

Еден од клучните докази, крвта во неговото возило, била дел од неговата стратегија.

Се верува дека Борис намерно си ја нанел повредата за да создаде впечаток дека е жртва на насилно злосторство.

Оваа лажна трага ги одвела истражителите по погрешен пат што траел повеќе од три децении.

Случајот беше повторно отворен благодарение на емисијата Aktenzeichen XY, позната по решавање на нерешени случаи на исчезнувања и злосторства.