Дедото на новата шефица на британскиот МИ6 бил нацистички шпион?

Loading...
Сподели со своите пријатели

Дедото на Блез Метревели, новата шефица на британската разузнавачка служба МИ6, бил Константин Доброволски, нацистички шпион познат како „Касапот“, тврди денес, 27 јуни, Дејли Меил.

Блез Метревели беше назначена претходно овој месец за прва жена шеф на шпионите во 116-годишната историја на британската тајна разузнавачка служба.

Според архивата на документи објавена од Дејли Меил, нејзиниот дедо, Константин Доброволски, бил нацистички соработник кој се фалел со убивање Евреи.

Доброволски, кој бил Украинец, пребегнал од Црвената армија за да стане главен информатор на Адолф Хитлер во регионот Чернихив, објавија британските медиуми.

Метревели (47), додаваат тие, никогаш не го запознала својот дедо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полицаец и полицајка на должност снимени во интимен занос на службено возило (ВИДЕО)

Тој останал во Украина окупирана од нацистите кога неговото семејство избегало од Црвената армија која го ослободила регионот во 1943 година.

Документите откриени во германските архиви наводно покажуваат дека Доброволски бил познат како „Агент број 30“ меѓу нацистите.

Во еден момент, Советскиот Сојуз понудил награда од 50.000 рубљи за Доброволски и го нарекол „најлошиот непријател на украинскиот народ“.

Loading...

Според истиот извор, Доброволски сакал да се одмазди на Русија за убиството на неговото семејство и конфискувањето на нивниот имот во револуцијата од 1917 година.

Едно досие наводно содржи рачно напишано писмо од Доброволски до неговите нацистички претпоставени, потпишано:

„Хајл Хитлер“. Во друго, тој се фали дека „лично“ учествувал „во истребувањето на Евреите“ и убил стотици украински војници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците пронајдоа над илјада резервоари со нуклеарен отпад во Атлантикот

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој изјави:

„Блејз Метревели не го познавала ниту го запознала својот дедо по таткова линија. Потеклото на Блејз се карактеризира со конфликти и поделби и, како што е случајот со многумина со источноевропско наследство. Токму ова комплексно наследство влијаело врз нејзината посветеност на спречување на конфликти и заштита на британската јавност од модерните закани од денешните непријателски држави, како следен шеф на MI6.“

Метревели пораснала во странство пред да студира антропологија на Кембриџ.

Таа се приклучила на MI6 во 1999 година и работела во агенцијата во Европа и на Блискиот Исток две децении.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор во метро: Маж запали вагон полн со патници (ВИДЕО)

Метревели моментално ја држи функцијата Q, раководител на техничкиот оддел на службата, позната по филмовите за Џејмс Бонд.

Loading...