Сирски: Украина го запре рускиот напредок во северниот Сумски регион

Loading...
Сподели со своите пријатели

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Александар Сирски, изјави дека вооружените сили на таа земја го запреле рускиот напредок во пограничната зона на северноукраинскиот регион Суми.

„Напредувањето на руските трупи во пограничните области на регионот Суми е запрено“, рече Сирски за време на посетата на фронтот, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека борбената линија е стабилизирана, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски потпиша договор за специјален трибунал за Украина, се надева дека Путин ќе биде суден