Еквадор го уапсен еден од најбараните нарко-босови во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По повеќе од една година криење, најбараниот бегалец во Еквадор, Хозе Адолфо Масијас, познат по прекарот Фито, повторно е уапсен.

Loading...

Водачот на озлогласената криминална организација Лос Чонерос беше пронајден во неговиот роден град Манта за време на масовна, 10-часовна операција на безбедносните сили.

Еквадорската војска објави видео од моментот на апсењето, на кое се гледа како војниците го наоѓаат Масијас како се крие под кујнскиот пулт, во мала дупка, додека еден од војниците му вперува пиштол во главата.

 

 

Со ова заврши потрагата по човекот што беше започната по неговото спектакуларно бегство од затворот со максимална безбедност, чии детали сè уште се непознати.

Неговото отсуство беше забележано дури кога војската дојде да го земе за трансфер и пронајде празна ќелија.

Loading...

За апсењето на Масијас беше понудена награда од милион долари, а неговото бегство предизвика хаос во земјата – беше прогласена вонредна состојба во траење од 60 дена.

Во овој период, Еквадор беше потресен од напади на банди, вклучително и вооружени мажи кои провалија во телевизиско студио за време на пренос во живо.

Хозе Адолфо Масијас има богато криминално досие, вклучувајќи обвиненија за убиство, организиран криминал и меѓународна трговија со дрога и оружје. Уште во 2011 година, тој беше осуден на 34 години затвор.

Според американските власти, Масијас водел мрежа за шверц што дистрибуирала кокаин низ целиот свет и шверцувала оружје и муниција од САД во Еквадор во соработка со мексиканските картели.

 

 

Интерпол издаде меѓународна потерница по него, а САД планираат да го судат во Њујорк.

Loading...

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа потврди дека неговата влада веќе побарала екстрадиција на Масијас во САД и најави понатамошна борба против криминалните групи.

„Наскоро ќе паднат повеќе познати водачи на банди“, рече Нобоа.

Масијас имал речиси култен статус меѓу дел од еквадорското општество.

За време на неговиот престој во затвор, тој уживал привилегии како што се организирање забави, алкохол и борби со петли, а во 2023 година дури и снимил видео обраќање до луѓето од својата ќелија, опкружен со вооружени чувари.

Минатата година, САД ги означија Лос Чонерос како една од најнасилните криминални организации во светот, додека еквадорската влада ги прогласи за терористичка група.