Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека таков директен разговор би бил корисен, но дека треба да се подготви.
Путин нагласи дека „доколку се создадат услови за обновување на односите“ меѓу Русија и САД, Москва е подготвена да го одржи овој тренд, објави РИА Новости.
Рускиот претседател оцени дека немало да има руско-украински конфликт доколку Трамп ги победеше изборите во 2020 година и дека сегашната ситуација е последица на одлуките на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден.
Путин изјави дека во еден од неговите последни разговори со Бајден, го предупредил поранешниот американски претседател за опасностите од неговата политика во врска со Украина.