Огромно мнозинство Евреи во Израел го поддржуваат протерувањето на Палестинците од Газа

Сподели со своите пријатели

Според неодамна објавената анкета на Универзитетот во Пенсилванија, огромното мнозинство Евреи во Израел го поддржуваат протерувањето на Палестинците од Газа.

Loading...

Анкета спроведена во март покажува дека 82 проценти од израелските Евреи го поддржуваат присилното протерување на Палестинците од Појасот Газа.

Во исто време, 47 проценти од израелските Евреи одговориле потврдно на прашањето: „Дали ја поддржувате изјавата дека израелската армија треба да дејствува слично на Израелците кога го освоија Ерихон под водство на Јошуа – односно да ги убие сите жители?“ Тоа е библиски опис на освојувањето на Ерихон, објавува Индекс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас бара ослободување на активистите од бродот „Мадлин“, апелира до ОН за итен одговор

– 82% го поддржуваат присилното протерување на Палестинците од Газа

– 47% веруваат дека израелската армија треба да ги убие сите жители на непријателските градови

– 53% од испитаниците веруваат дека Израел не треба да дозволи хуманитарна помош за Газа

– 56% го поддржуваат присилното отстранување на Палестинците од Газа

На почетокот на јуни, Израел започна операција насочена кон преместување на што е можно повеќе Палестинци кон зоната Рафа во јужна Газа.

Loading...

Новиот воен план, исто така, има за цел да поттикне „доброволна емиграција“ на Палестинците.

Мнозинството од израелската јавност го поддржува планот, иако началникот на Генералштабот на израелските вооружени сили, генерал Ејал Замир, предупреди на опасноста од оваа операција за животите на израелските заложници во Газа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските земји остро го критикуваат Израел: „Бараме активистите да се вратат во своите земји“

Друга анкета, објавена од Канал 13, покажува дека 44 проценти од израелската јавност ја поддржува операцијата, додека 40 проценти се против неа.

Истата анкета покажува силна поддршка за продолжување на целосната блокада на Газа, која е во сила од почетокот на март.

Дури 53 проценти од испитаниците веруваат дека Израел не треба да дозволи хуманитарна помош во појасот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на почетокот на неделата изјави дека спроведувањето на планот на Трамп за протерување на Палестинците е една од воените цели на Израел.

„Ќе го спроведеме планот на Трамп – план кој е коректен и револуционерен“, рече Нетанјаху.

Според анкетата на Пен Стејт, масовното протерување на Палестинците е поддржано од 70 проценти од секуларната еврејска јавност, додека меѓу поддржувачите на Масортите, религиозните и ултраортодоксните групи, поддршката надминува 90 проценти.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел пресретна брод што носеше помош за Газа: Меѓу уапсените Грета Тунберг

Масортим е израелски хебрејски термин за Евреи кои не се сметаат себеси ниту за строго религиозни ниту за секуларни.

Дури 56% од израелските Евреи го поддржуваат присилното иселување на палестинските граѓани на Израел од нивната земја надвор од Газа.

Меѓу секуларните Евреи, 38% го поддржуваат протерувањето на палестинските граѓани на Израел, покажа анкетата.