Димитриевски присуствуваше на меѓународен форум во Казахстан (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија Максим Димитриевски на покана на  Серик Жумангарин, заменик премиер и министер за национална економија на Република Казахстан присуствуваше на меѓународниот Астана форум.

Loading...

 

 

На овој настан беше придружуван од почесниот конзул на Р.Казахстан во Македонија г-дин Ејуп Абдулахи.

 

 

Loading...

Навни домаќин при посетата беше Амбасадорот на Р.Казахстан во Македонија Сатибалди Буршаков.

На маргините на форумот г-нот Димитриевски го посети еден од главните индустриски центри во државата, градот Караганда и во таа прилика оствари средба со Акимот на градот Караганда г-дин Меирам Кожухов при што потпишаа меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и градот Караганда.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Какво ќе биде времето во Куманово за претстојниот продолжен викенд?

 

 

Меморандумот за соработка подразбира развој на односите помеѓу локалните самоуправи, размени на идеи и искуства во социо – економскиот живот, култура, спорт, образование, соработка на младински организации и др.

 

Loading...

 

– Наскоро во Куманово ќе биде отворен и почесен Конзулат на Република Казахстан кој веќе има именувано свој почесен конзул во нашиот град. Следува и иницијатива за организација на заеднички бизнис форум на представници од двете држави кој би се одржал во Куманово, истакна Димитриевски.

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски