Доналд Трамп вчера коментираше за дијагнозата на рак на простата кај поранешниот претседател Џо Бајден за „Фокс њуз“, изразувајќи сочувство, но исто така тврдејќи дека целата ситуација треба да се истражи.
Тимот на Бајден во недела попладне објави дека поранешниот претседател бил подложен на тестови поради сè поизразени проблеми со мокрењето, а лекарите откриле нова грутка на неговата простата.
„Во петокот, му беше дијагностициран рак на простата со Глисонов скор од 9 (група 5), со метастази на коските“, се вели во соопштението.
„Иако станува збор за поагресивна форма на болеста, се чини дека туморот е чувствителен на хормони, што овозможува ефикасни третмани“, заклучува тој.
„Претседателот и неговото семејство разговараат за опциите за лекување со своите лекари.“
Трамп вчера попладне пред новинарите ја нарече веста „навистина тажна“.
Trump on Biden’s cancer diagnosis: “I’m surprised that the public wasn’t notified a long time ago, because to get to stage 9, that’s a long time … I did a very complete physical, including cognitive tests. I’m proud to announced I aced it.” pic.twitter.com/6mk3bGszAm
— Aaron Rupar (@atrupar) May 19, 2025
„Изненаден сум што јавноста не беше информирана многу порано“
„Изненаден сум што јавноста не беше известена многу порано, бидејќи ако е во деветта фаза, тоа значи дека болеста трае долго време“, рече Трамп.
„Тукушто имав рутинска контрола… Имавме лекари од Белата куќа и од болницата „Волтер Рид“, што е фантастично. Имав темелна контрола, вклучувајќи и когнитивни тестови. Со гордост објавувам дека ги поминав без проблем.“
Трамп повторно се осврна на она што го тврди дека е когнитивен пад на Бајден за време на неговиот мандат, велејќи дека „секој што се кандидира за претседател треба да полага когнитивен тест“.
„Велат дека е неуставно. Но, во овој конкретен случај, мислам дека тестот за когнитивни способности не би бил лоша работа“, рече Трамп.
Тој, исто така, посочи дека јавноста не била навремено информирана за здравјето на Бајден и побара истрага.
„Мислам дека некој треба да разговара со својот лекар или лекари“
„Мислам дека некој треба да разговара со својот лекар или лекари“, рече Трамп.
„Зошто не се дискутираше за когнитивните способности? И колку што се сеќавам, докторот рече дека сè е во ред. А сега се испостави дека не е. Многу е опасно.“
На крајот, тој рече дека дијагнозата за рак е „многу, многу тажна ситуација“ и додаде дека „навистина му е жал за тоа“.
„Мислам дека луѓето треба да се обидат да откријат што се случило бидејќи не знам дали има некаква врска со болницата“, рече Трамп.
„Волтер Рид е навистина одлична болница. Некои од најдобрите лекари што сум ги видел работат таму. Некој не ја кажува вистината. Тоа е голем проблем“, заклучи тој.
Веста за агресивната форма на рак што му беше дијагностициран на 82-годишниот Бајден ја шокираше земјата за време на викендот.
Откако доби пораки за поддршка од сите страни, Бајден вчера им се заблагодари на своите следбеници на социјалните мрежи.
„Ракот нè погодува сите“, напиша Бајден на платформата X.
„Како и многумина од вас, Џил и јас научивме дека сме најсилни кога сме скршени. Ви благодариме што нè кревате со вашата љубов и поддршка.“