Во Индонезија повторно еруптираше вулкан: Исфрли густ пепел 1,2 километри над врвот

Сподели со своите пријатели

Во источна Индонезија, вулканот Левотоби Лаки-Лаки денес повторно еруптираше, исфрлајќи облаци од пепел во висина до еден километар, додека властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво.

Loading...

Вулканот Левотоби Лаки-Лаки на туристичкиот остров Флорес еруптираше по полноќ синоќа, исфрлајќи густ пепел на 1,2 километри над својот врв, соопшти локалната вулканолошка агенција.

После тоа, следела уште една ерупција во 9:36 часот наутро, според истиот извор.

Во недела навечер, властите веќе го кренаа нивото на тревога на максимум за вулканот со два врва, кој е висок 1.584 метри.

„Резултатите од визуелните и инструменталните анализи покажаа дека активноста на вулканот Левотоби Лаки-Лаки е сè уште висока“, објави синоќа Индонезиската геолошка агенција, предупредувајќи на потенцијалниот ризик од „уште поголема ерупција“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Основачот на Телеграм вели дека одбил да ги „замолчи“ конзервативните гласови во Романија

Жителите на околните градови беа замолени да носат маски за да се заштитат од вулканска пепел, а туристите беа замолени да не се приближуваат до кратерот на помалку од шест километри оддалеченост.

Исто така, се предупредува на ризикот од лизгање на земјиштето во случај на обилни дождови, особено за заедниците лоцирани околу реките што извираат на врвот на вулканот.

Левотоби Лаки-Лаки веќе еруптираше неколку пати во ноември, кога загинаа девет лица, а неколку десетици меѓународни летови беа откажани.

Loading...

Потоа беа евакуирани неколку илјади луѓе.