Судењето за обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицo, што се одржа во мај 2024 година, ќе започне на почетокот на јули, објави новинската агенција TASR.
„Судењето за обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицo треба да започне во одделот на Специјализираниот кривичен суд во Банска Бистрица на 8 јули“, објави агенцијата TASR, повикувајќи се на претставник на Специјализираниот кривичен суд.
Според портпаролката на судот, Катарина Куѓакова, „Јурај Ц. (71) е обвинет за терористички напад“.
Тој се соочува со доживотна казна затвор за пукање и тешко ранuвање на премиерот по вонредниот состанок на кабинетот во Хандлова на 15 мај минатата година, кога премиерот на Словачка претрпе повеќекратни рани од огнено оружје, а полицијата го уапси атентаторот на лице место.
Јурај Цинтула првично беше обвинет за обид за убиство со умисла, но во јули 2024 година обвинението беше преквалификувано во терористички напад.
Фицо беше отпуштен од болница кон крајот на мај 2024 година за да продолжи со закрепнувањето дома, а се врати на своите должности како премиер на Словачка во јули 2024 година.
Човекот обвинет за обид за атентат врз Роберт Фицо изјавил дека сакал да му наштети на словачкиот премиер затоа што не се согласувал со политиките на неговата влада, според судските документи објавени минатата година.
Во документот од девет страници се објаснуваат причините за задржување на 71-годишниот осомничен во притвор, врз основа на спроведената истрага.
Тоа беа првите официјални коментари на осомничениот што беа објавени во јавноста.
Како што објавија медиумите, обвинетиот, поранешен обезбедувач во трговскиот центар, изјавил дека никој друг не знаел за неговиот план.
Тој се извини за обидот за атентат и е подготвен лично да му се извини на Фиц, според документите објавени од Специјалниот кривичен суд.
Фицо беше застрелан четири пати од близина на 15 мај, на плоштадот во централниот словачки град Хандлова, каде што се одржуваше состанок на Владата.
Според судската наредба, обвинетиот „одлучил да дејствува“ бидејќи не се согласувал со политиката на владата, „укинување на функцијата на специјалниот обвинител, несогласување со прогонот на културните и медиумските работници, но она што најмногу го сакал е да испрати воена помош во Украина“.