Се урна авион во Чиле. Шестмина загинати!

Сподели со своите пријатели

Шест лица загинаа кога мал авион за брза помош се урна на пат од централен кон северен Чиле, соопштија денес локалните власти.

Loading...

Остатоците од авионот, со кој беше изгубен контактот во среда попладне, беа пронајдени без преживеани патници, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител.

Чилеанските воздухопловни сили објавија дека остатоците од авионот се пронајдени во близина на градот Курасао, на периферијата на Сантијаго, објави дневниот весник „Ла Терсера“.

Според Генералниот директорат за цивилно воздухопловство, авионот летал од Сантијаго кон северниот град Арика кога исчезнал од радарот во среда попладне.

Јавното обвинителство, заедно со тимовите за итни интервенции, истражува причината за несреќата.