Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ традиционално ќе се одржи и оваа година, во сабота со почеток во 10 часот на Градскиот плоштад во Куманово.
Loading...
Во кусото соопштение на Фондацијата за култура и спорт се наведува дека тие се организатори на настанот, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
На настанот се очекува како и изминатите години учество да земат основните и средни училишта од градот.
Никола Ивановски