Москва прогласи примирје, Украина нема да го почитува

Сподели со своите пријатели

По повод Денот на победата, Москва прогласи прекин на огнот од 7 до 11 мај, но Киев не одговори на иницијативата на претседателот Владимир Путин за примирје, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Тој додаде дека во Москва се преземени сите безбедносни мерки за прославата на празникот да биде мирна.

Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден го споредува пристапот на Трамп кон војната во Украина со историските отстапки кон диктаторите, предупредувајќи дека отстапките кон Путин би можеле да ја загрозат безбедноста на Европа и лидерската улога на САД во светот.

Во рускиот напад врз Киев, според украинските власти, две лица загинаа, а седум беа повредени, меѓу кои и четири деца.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Си Џинпинг: Кина и Русија ќе се спротивстават на политиката на сила

Пожар избувна во некои делови од украинскиот главен град по ударот на ракетите.

Во исто време, руското Министерство за одбрана објави дека руските сили ја презеле контролата врз селото Липово во регионот Донецк, објави агенцијата Тасс.

Од друга страна, украинските сили, според руските власти, извршија напад со беспилотни летала врз регионот Брјанск, најобемниот од почетокот на конфликтот.

Гувернерот на регионот, Александар Богомаз, објави дека се соборени повеќе од 140 дронови.

Loading...

По повод Денот на победата, Москва прогласи еднострано примирје од 7 до 11 мај, но Киев не одговори на иницијативата на претседателот Владимир Путин за примирје, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин и Си разговараа во Кремљ во пресрет на Денот на победата

Тој додаде дека во Москва се преземени сите безбедносни мерки за да се осигури дека прославата на празникот ќе биде мирна.

Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден го споредува пристапот на Трамп кон војната во Украина со историските отстапки кон диктаторите, предупредувајќи дека отстапките кон Путин би можеле да ја загрозат безбедноста на Европа и лидерската улога на САД во светот.

Обновувањето на односите меѓу Русија и САД не е лесна задача, но работата на неа продолжува во неколку насоки, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

На дипломатскиот фронт, како што изјави Захарова, Москва презема чекори за стабилизирање и подобрување на билатералните односи, и покрај бројните предизвици и моменталната меѓународна ситуација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: Русија нè нападна иако Путин објави тридневен прекин на огнот

Планот на Европската комисија за прекин на увозот на руска енергија „претставува напад“ врз прифатливите сметки за комунални услуги во Унгарија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, тврдејќи дека годишните трошоци за увоз на енергија во Унгарија ќе се зголемат за околу 600 милијарди форинти (1,5 милијарди евра).