Претседателот на Малдиви одржа прес-конференција што траеше дури 15 часа

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Малдивите, Мохамед Муизу, одржа прес-конференција која траеше 14 часа и 54 минути, со што го сруши рекордот од 14 часа што го држеше претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во 2019 година.

Loading...

Конференцијата предводена од Муизу (46) започна во саботата во 10:00 часот по локално време и траеше речиси 15 часа, прекината со кратки паузи и молитви, се вели во соопштението од неговиот кабинет, во кое се додава дека Муизу „континуирано одговарал на прашања од новинарите“.

Во октомври 2019 година, украинската агенција за евиденција објави дека конференцијата организирана од Зеленски траела 14 часа, со што го срушила рекордот од седум часа што го држела прес-конференцијата на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, пренесува Бета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европејците повеќе нема да можат да си ги дозволат овие 5 луксузи

Владата на Малдивите, архипелаг во Индискиот Океан со население од 550.000 жители, соопшти дека сесијата со прашања и одговори имала за цел да го одбележи Светскиот ден на слободата на печатот на 3 мај.

Муизу „ја препозна суштинската улога на печатот во општеството и ја нагласи важноста на фактичкото, избалансирано и непристрасно новинарско известување“, се вели во соопштението.

Претседателот на Малдивите, избран во 2023 година, сакаше да го одбележи скокот од две места што неговата земја го постигна на Светскиот индекс на слобода на медиумите на невладината организација „Репортери без граници“.

На таа листа, Малдивите сега се наоѓаат на 104-то место меѓу 180 земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија: Речиси 200 полицајци осомничени за екстремизам

За време на маратонската конференција, шефот на државата одговараше на прашањата што граѓаните им ги поставија на новинарите.

Loading...

Дваесет новинари беа присутни, се наведува во соопштението, додавајќи дека за време на конференцијата се служела храна.

Малдивите имаат по четири дневни весници, телевизиски станици и по две радио станици, а поголемиот дел од населението (61 процент) добива информации преку интернет, додека само девет проценти од населението чита весници.