Хутите најавија сеопфатна воздушна блокада на Израел и напади врз израелските аеродроми

Сподели со своите пријатели

Јеменската бунтовничка група Хути денес објави дека ќе работи на воведување сеопфатна воздушна блокада врз „израелскиот непријател“ со постојано гаѓање на аеродромите, првенствено аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, објави Саба.

Loading...

Тие ги повикаа сите меѓународни авиокомпании да ја земат предвид содржината на оваа изјава од моментот на нејзиното објавување и да ги откажат сите закажани летови до израелските аеродроми, со цел да се зачува безбедноста на своите авиони.

Хутите изјавија дека Јемен нема да прифати напади врз арапските земји како што се Либан и Сирија.

„Ова потврдува дека оваа нација нема да се плаши од конфликт и ќе отфрли покорност и потчинување“, рекоа Хутите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел им се заканува на Хутите и Иран, Техеран најави контранапад

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно денес изјави дека Израел ќе им одговори на Хутите и нивните ирански „господари“ откако јеменската бунтовничка група, поддржана од Техеран, започна ракетен напад врз главниот меѓународен аеродром во Израел.

„Нападите на Хутите доаѓаат од Иран“, напиша Нетанјаху на платформата „X“.

Тој посочи дека Израел ќе одговори на нападот на Хутите во време и на место што ќе го избере, кога ќе ги таргетира „нивните ирански терористички господари“.

Рано утрово, балистичка ракета на Хутите падна во областа на аеродромот „Бен Гурион“ откако Израелските одбранбени сили (ИДФ) не успеаја да ја пресретнат.

Loading...

Големите странски авиокомпании, вклучувајќи ги германската „Луфтханза“ и француската „Ер Франс“, ги прекинаа летовите до Тел Авив барем до вторник, по нападот, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина ќе добие дополнителни ракети „Патриот“. Америка ќе ги испрати од Израел