Брод со помош за Газа беше нападнат кај Малта, нема жртви

Сподели со своите пријатели

Малтешката влада денес објави дека брод што носел помош за Газа бил нападнат од беспилотни летала во меѓународни води, и дека целиот екипаж преживеал.

Loading...

„На бродот имаше 12 членови на екипажот и четири цивилни патници, нема пријавени жртви“, се вели во соопштението.

Патролниот брод на малтешката армија, заедно со спасувачките екипи, го изгасна пожарот, но екипажот одби да се симне и остана на бродот.

Малтешката влада во соопштението додаде дека бродот е под надзор на надлежни агенции, но дека сè уште е надвор од територијата на земјата, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Либанската армија заплени 800 ракети во палестински бегалски камп