Профитот на нафтениот гигант БП падна за 49 проценти во првиот квартал

Сподели со своите пријатели

Британскиот нафтен гигант БП денес објави дека неговиот профит се намалил за 49 проценти на годишно ниво во првиот фискален квартал поради пониските цени на суровата нафта.

Loading...

Сепак, извршната директорка на компанијата, Мари Ошинлос, изјави дека резултатите претставуваат „одличен почеток“ за ресетирање на целокупната стратегија на фирмата.

Добивката од трошоците за замена, која „БП“ ја користи како показател за нето добивката, изнесуваше 1,4 милијарди долари за првите три месеци од оваа година, што е значително намалување во однос на 2,7 милијарди долари во истиот период минатата година, објави „CNBC“.

Резултатите не ги исполнија очекувањата на агенцијата LSEG, која предвиде профит од 1,6 милијарди долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Снабдувањето со електрична енергија во Португалија е целосно обновено

Во февруари, БП вети дека ќе ги намали трошоците за обновливи извори и ќе ги зголеми годишните трошоци за својот основен бизнис за нафта и гас, со цел да ја обнови довербата на инвеститорите, што претставува пресврт во нејзината сегашна стратегија, пишува Танјуг.

– Имавме одличен оперативен квартал. Имавме највисока оперативна ефикасност во историјата. Во првиот квартал, нашите рафинерии ги остварија своите најдобри резултати во последните 24 години. Имавме шест истражувачки откритија по ред, што е навистина необично, а започнавме со три големи проекти – коментираше Аучинслос.

За првиот квартал, БП објави дивиденда по обична акција од осум центи и откуп на акции од 750 милиони долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој е Марк Карни, новиот канадски премиер кој извојува огромна победа на изборите?

Нето-долгот се зголеми на 26,97 милијарди долари во периодот јануари-март, во споредба со 22,99 милијарди долари на крајот од четвртиот квартал од 2024 година.

Loading...

Акциите на БП паднаа за 3,3 проценти утрово, што е намалување од осум проценти во однос на почетокот на годината.