Снабдувањето со електрична енергија во Португалија е целосно обновено

Сподели со своите пријатели

Португалскиот оператор за дистрибуција на електрична енергија Е-Редес денес објави дека снабдувањето со електрична енергија е целосно нормализирано.

Loading...

Компанијата објави дека мрежата е 100 проценти обновена, објавува агенцијата Луса.

Агенцијата известува дека градскиот железнички сообраќај се одвива нормално од 07:00 часот по локално време, додека Министерството за образование објави дека училиштата и факултетите ќе работат нормално.

Во голем дел од Португалија и Шпанија, како и во делови од Франција, во понеделник наутро имаше прекин на електричната енергија, што предизвика големи проблеми и во сообраќајот и во секојдневниот живот.

Работата на метрото беше суспендирана, аеродромите работеа отежнато, рестораните беа затворени, а системот за плаќање со картички беше оневозможен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гренланд загуби сателитски сигнал, по масовното „затемнување“ во Шпанија

Шпанските медиуми објавија дека електричната енергија е обновена во делови од Шпанија и Португалија, неколку часа откако масовниот и необјаснив прекин на електричната енергија го потопи целиот Ибериски Полуостров во темнина.

Португалскиот мрежен оператор, Рене Електрика Национал (РЕН), рече дека производството е обновено во хидроелектраната Кастело де Боде и термоцентралата Тапада де Оутеиро.

„Со овие станици кои сега се активни, потрошувачката на енергија постепено се обновува во Португалија, прво во областите околу овие електрани, а потоа постепено и подалеку“, забележува REN.

Loading...

Во меѓувреме, „Ред Електрика“, шпанскиот оператор на електричната мрежа, соопшти дека електричната енергија е обновена во неколку региони, вклучувајќи ги Каталонија, Арагон, Баскија и Андалузија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој е Марк Карни, новиот канадски премиер кој извојува огромна победа на изборите?