Руските медиуми го објавија списокот на лидери на земјите што ќе присуствуваат на Парадата на победата во Москва на 9 мај.
Loading...
Имено, 19 земји ја потврдија својата намера да ја посетат Москва со цел да учествуваат на парадата во чест на 80-годишнината од победата.
Меѓу имињата на листата се претседателот на Народна Република Кина Си Џинпинг, премиерот на Словачка Роберт Фицо и претседателот на Србија Александар Вучиќ, но и претседателот на Република Српска Милорад Додик.
Покрај нив, планирано е присуство и на претседателите на Бразил и Буркина Фасо, Луиз Игнасио Лула да Силва и Ибрахим Траоре, лидерите на Венецуела и Виетнам, Николас Мадуро и То Лам, и претседателот на Куба, Мигел Дијаз Канел, пишува РБК.