Земјотрес во Еквадор: Најмалку 20 лица се повредени

Сподели со своите пријатели

Најмалку 20 лица се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди Еквадор во петокот, а предизвикана е и голема материјална штета.

Loading...

Земјотрес ја погоди областа во близина на брегот на Еквадор, оштетувајќи згради во градот Есмералдас и привремено затворувајќи дел од нафтената инфраструктура, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил 21 километар североисточно од крајбрежниот град Есмералдас, на длабочина од 30 километри.

За време на земјотресот, куќите и јавните згради беа оштетени, околу 80 проценти од домаќинствата останаа без електрична енергија, а некои бензински пумпи беа привремено затворени, јавува Би-Би-Си.

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, изјави дека им наредил на властите да обезбедат помош и привремени засолништа за луѓето погодени од земјотресот.

Еквадорската нафтена компанија „Петроеквадор“ соопшти дека веднаш ја прекинала работата на рафинеријата во Есмералдас.

Во последните девет години во Еквадор се случија два силни земјотреси – оној од 2023 година со магнитуда од 6,7 степени уби најмалку 15 лица, додека во 2016 година земјата беше погодена од земјотрес со магнитуда од 7,8 степени во кој загинаа повеќе од 700 луѓе, а неколку илјади беа повредени, пренесува Танјуг.