„Калигула“ наскоро во Театар Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот театар ја подготвува претставата „Калигула“, по текст на Албер Ками, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Loading...

Ова е еден од двата проекти за македонска драма поддржани од Министерството за култура, а премиерата се очекува на средината на мај.

 

 

Во претставата играат актери од ансамблот на Театар Куманово и вон него: Марко Трајковиќ, Илин Јовановски (к.г.),  Александра Михајловска, Владанка Крстевски, Кети Дончевска Илиќ, Давид Илиќ, Анастасија Величковиќ, Никола Милошевски (к.г.), Владо Дојчиноски, Жарко Јовановиќ, Луна Маријановиќ (к.г.), Теодор Јакимовски (к.г.), како и гости-танчери: Ева Пауновиќ и Јована Таневска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се реконструира патот Бељаковце – Клечовце, наскоро и Пчиња – Вак’в (ВИДЕО)

 

Loading...

 

„Нашиот Калигула е слободен човек, уметник, кој се бори и твори во името на слободата. Удира со главата во ѕидот и го руши. Не го прифаќа секојдневието во животот и војува за промени. Ја бара месечината, Друзила – невозможното.  Тој не се води по шаблонот како сите останати луѓе во животот, туку твори во слобода, а не во лаги и проневери, не во рамки, не во правила. Нашиот Калигула ја прифаќа болката, сопствената и на другите. Сака да се ослободи од правилата на животот, и сака неговата душа да биде вечна. Да живее на крајот само во љубов, колку и апсурдно тоа да звучи. Сака да живее со Друзила, во задгробниот живот… и со сопствената ќерка. Среќни и вечни – засекогаш“ – вели режисерот на претставата, Ѓорѓи Ризески.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наскоро започнува изградбата на нов кружен тек, Спортската сала Куманово при крај (ВИДЕО)

 

 

Останатиот дел од екипата го сочинуваат: Ванеса Тримчевска – асистент на режија, Сашо Костовски – драматург, Симона Тоскиќ – продуцент, Мартин Манев – сценограф, Кети Пауновска Стевковска – костимограф, Алмир Бајрамоски – композитор, Сања Русеска – кореограф, Гордан Крстиќ – акробатика, Емил Пачковски – дизајн, фотографија и видео (и режија на документарен филм „Калигула“), Мишо Димитријевски – асистент на дизајн фотографија и видео, како и техничкиот дел на Театар Куманово.