Путин го пофали Илон Маск, споредувајќи го со шефот на советската вселенска програма

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин го спореди извршниот директор на американската вселенска компанија SpaceX, Илон Маск, со советскиот експерт за ракети и шеф на советската вселенска програма, Сергеј Королев.

Loading...

„Знаете, во Америка живее човек, Илон Маск, кој е, така да се каже, луд по Марс. Таквите луѓе посветени на некоја идеја ретко се појавуваат меѓу луѓето. Дури и кога на прв поглед нивните идеи изгледаат неверојатно, тие се остваруваат по некое време, рече Путин за време на разговор со студенти на Московскиот државен технички универзитет Бауман, пренесува РИА Новости.

Претседателот на Русија додаде дека летовите до Марс се многу сложени и изгледаат многу тешки за извршување денес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски го објави клучниот услов на Украина за преговори со Русите