Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да воведе нова програма со која на имигрантите им се нудат пари доброволно да ги напуштат САД.
Loading...
Трамп рече дека таквата „програма за самодепортација“ ќе вклучува одредена финансиска помош и можност за легален влез во земјата подоцна.
„Ќе им дадеме пари и авионски билет, а потоа ќе работиме со нив.“
Трамп вети дека ќе депортира рекорден број илегални мигранти во САД, а неговата администрација бара од мигрантите да ја сигнализираат својата „намера да заминат“ користејќи ја апликацијата за царина и гранична заштита на САД наречена CBP Home, пренесува Ројтерс.