Утре нова рунда американско-руски преговори

Сподели со своите пријатели

САД и Русија утре ќе одржат нова рунда разговори во Истанбул, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, а пренесува Киев Индипендент.

Loading...

Во преговорите ќе бидат вклучени и претставници на министерствата за надворешни работи на двете земји.

Песков не прецизираше за кои теми ќе разговараат руската и американската делегација.

Разговорите доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја покрена иницијативата за прекин на огнот во Украина, и покрај тоа што Русија продолжува да ги бомбардира украинските градови со беспилотни летала и проектили.

Претходните две средби беа во март

Претходните два јавни состаноци меѓу руски и американски претставници се одржаа во март во Саудиска Арабија.

Претходно овој месец, рускиот преговарач Кирил Дмитриев пристигна во Вашингтон за да разговара со американски официјални претставници во име на рускиот претседател Владимир Путин и се состана со Стив Виткоф, специјалниот пратеник на претседателот Трамп за Блискиот Исток, во Белата куќа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 3 април призна дека американските и руските претставници водат приватни разговори за можноста за целосен прекин на огнот во Украина.

Киев со недели ја изразува својата подготвеност за 30-дневен прекин на огнот како што е предложено од Вашингтон, под услов Русија да ги прифати истите услови.

Loading...

Сепак, Русија досега го отфрли таквиот договор, согласувајќи се само на делумни прекини на огнот поврзани со енергетската инфраструктура и Црното Море – во замена за обновен пристап до меѓународните пазари.