Ној го касна поранешниот британски премие (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон бил каснат од ној низ прозорецот на автомобилот за време на посетата на засолниште за животни во Тексас, се вели во видеото што го објави неговата сопруга Кери Џонсон.

Loading...

На видеото кое е објавено на Инстаграм може да се види дека нојот оди кон автомобилот во кој е Борис Џонсон со својот син, а откако се приближил, нојот го гризнал поранешниот премиер за рака низ отворениот прозорец на автомобилот, објави денеска Мирор, а пренесува Ден.

Борис Џонсон скокнал од болки по блиска средба со ној кој го каснал, додека инцидентот го насмеал неговиот син.