Пред влезот на НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев”, денес во 11 часот на иницијатива на група граѓани беше отворена книга на жалост, во која граѓаните на Куманово оставаа свои пораки за паднатите македонски полицајци во судирите во Куманово.
Граѓаните се потпишуваа, оставаа свои пораки а потоа во дворот на центарот, палеа свеќи пред пано со слики од загинатите полицајци.
Во книгата на жалост во Куманово се потпиша и министерот за здравство Никола Тодоров, кој како што бевме информирани, бил во посета на повредените полицајци кои се наоѓаат на хирушкото одделение при Општа Болница.
Собирањето на потписи го водеше Драган Петрушевски – Бинго, бранител од 2001 година, и претседател на Здружение на бранители од Куманово.