Земјотрес утринава регистриран во Македонија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала утринава бил почувствуван во Битола.

Loading...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, во 05 часот и 04 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин, во соседна Република Грција, на 125 км јужно од Скопје, со
Рихтерова локална магнитуда M L 3.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата