Вработените од Центарот за социјална работа Куманово бараат поголема безбедност (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вработените во Центарот за социјална работа Куманово, членови на Синдикатот, денеска накратко ја прекинаа својата работа во знак на поддршка по нападот на нивната колешка од Прилеп.

Loading...

Откако вчера службеничка на прилепскиот центар беше нападната од лице избегано од психијатриска установа кое пукаше во неа, нејзините колеги од Куманово велат дека тоа уште еднаш ги покажува ризиците на кои социјалните работници и нивни соработници, постојано се изложени.

– Центарот за социјална работа има клучна улога во општеството, работат со најранливи групи на граѓани, вклучително и лица со нарушено ментално здравје, иако тука се вклучени и здравите луѓе кои се незадоволни од решенијата кои ги добиваат, често резултира со ситуации кои можат да бидат непредвидливи и опасни, а како што видовме и опасни по живот. Вработените во центрите секојдневно се соочуваат со насилство, стрес и психолошки притисок, рече денеска во име на своите колеги, членови на УПОЗ, Мирослава Илијевска од ЦСР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Продолжуваат дождливите денови

 

 

Овој инцидент, вели таа, е потсетник за предизвиците со кои се соочуваат секојдневно извршувајќи ја својата работа.

Ваквиот напад велат тие, треба да се третира како напад на службено лице.

Loading...

– Потребно е обезбедување во центрите за социјална работа и поради ризиците со кои се соочуваме при секојдневната работа. Сметаме дека е неопходно да се обезбеди и додаток на плата затоа што работиме со ризична група на луѓе, додаде Илијевска.

Во меѓувреме реагираше и Министерството за социјална политика, демографија и млади, од каде го осудија чинот на насилство и потенцираат дека во тек е постапка за физичко обезбедување на сите центри и јавни установи за социјална заштита.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прекинат натпреварот Куманово – Чаир, автобусот заврши со националистички пораки

– Земајќи ја предвид сензитивноста на работните задачи на вработените во центрите за социјална работа кои се секојдневно изложени на ризик по сопственото здравје и живот, а во насока на нивна заштита министерството и пред да се случи немилиот настан во Центарот за социјални работи Прилеп, ја започна постапката за физичко обезбедување на сите центри и јавни установи за социјална заштита на ниво на држава. Оваа постапка е во завршна фаза, што значи дека наскоро ќе биде објавен и јавниот оглас за јавна набавка, стои во соопштението на министерството.

Инаку, вчера, маж со нарушена психичка состојба, со умисла се обидел да лиши од живот една социјална работничка од Прилеп со пиштол, а во опасност го довел и животот на уште три лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обид за силување врз 22-годишна девојка од липковско

Никола Ивановски