Хамас го обвинува Трамп дека со закани се обидува да го зголеми притисокот врз Газа

Сподели со своите пријатели

Палестинската милитантна група Хамас денеска го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека го охрабрува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се повлече од договорот за прекин на огнот во Газа и да го зголеми притисокот врз енклавата упатувајќи постојани закани кон Палестинците.

Loading...

Портпаролот на Хамас Абдел-Латиф Ал-Куну изјави за Ројтерс дека најдобриот начин за ослободување на преостанатите израелски затвореници е да се премине во втората фаза од прекинот на огнот и да се принуди Израел да се придржува до договорот потпишан со посредство на посредници.

По завршувањето на првата фаза од прекинот на огнот во саботата, Израел воведе целосна блокада на сите стоки што влегуваат во Газа, барајќи од Хамас да ги ослободи преостанатите заложници пред да започне преговори за завршување на војната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин именуваше нов амбасадор во Америка

Палестинците предупредуваат дека блокадата може да предизвика глад кај 2,3 милиони луѓе кои живеат во Газа.

Трамп вчера го повика Хамас веднаш да ги ослободи сите преостанати заложници и да ги врати телата на убиените, заканувајќи се дека во спротивно „ќе настане пекол“ за милитантната група.