Хамас: Не се согласуваме со продолжување на првата фаза од примирјето во Газа.

Сподели со своите пријатели

Хамас нема да се согласи да ја продолжи првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа како што побара Израел, изјави синоќа висок функционер на милитантната група Махмуд Мардави.

Loading...

Тој додаде дека Хамас ќе ги ослободи само преостанатите израелски заложници според условите на веќе договорениот фазен договор, пренесува Ројтерс.

Во саботата, по завршувањето на првата фаза, Хамас објави дека ја отфрлил израелската „формулација“ за продолжување на првата фаза од прекинот на огнот во Појасот Газа.

Два египетски извори во петокот рекоа дека Израел бара продолжување на првата фаза за дополнителни 42 дена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелскиот министер за култура ја осуди наградата Оскар за палестинско-израелски документарен филм

Договорот Хамас-Израел стапи на сила на 19 јануари и предвидува три фази.

За време на првата фаза од прекинот на огнот, стотици палестински затвореници беа ослободени од израелските затвори, а 30 заложници беа вратени во Израел.

Во втората фаза, Израел би прифатил траен прекин на огнот, а Хамас потоа би ги ослободил преостанатите живи машки заложници, и цивили и војници, во замена за палестинските затвореници.

Во третата фаза, посмртните останки на починатите израелски заложници ќе бидат вратени во Израел.

Loading...