Италијанската премиерка Џорџа Мелони повика на итен меѓународен самит за Украина.
„Потребно е да се одржи самит без одлагање за отворено да се разговара за тоа како имаме намера да се справиме со денешните големи предизвици, почнувајќи од Украина.
Холандскиот премиер Дик Шуф напиша на X дека „поддршката за Украина останува непроменета. Особено сега“.
Тој додаде дека Холандија сака „траен мир и крај на војната што ја започна Русија“.
Солидарност со Киев изрази и полскиот премиер Доналд Туск.
„Драги украински пријатели, вие не сте сами“, му рече тој на Зеленски на Х.
Шпанскиот премиер Педро Санчез напиша: „Украина, Шпанија е со вас“.
Британскиот премиер Кир Стармер вети „непоколеблива поддршка“ за Украина.
Според соопштението на Даунинг стрит, Стармер „прави се што може за да најде пат до траен мир заснован на суверенитетот и безбедноста на Украина“.
Европските лидери изразија силна поддршка за Володимир Зеленски по неговиот судир со Доналд Трамп во Белата куќа, пренесува агенцијата Франс прес.