Ватикан: Папата Франциско се одмара по уште една мирна ноќ

Сподели со своите пријатели

Ватикан соопшти дека папата Франциско, кој две недели е хоспитализиран со билатерална пневмонија, имал уште една мирна ноќ и сега се одмара.

Loading...

Папата беше примен во болница во Рим на 14 февруари поради бронхитис, потсетува Ројтерс.

Во вчерашниот медицински извештај Ватикан наведува дека состојбата на папата и понатаму се подобрува, но дека прогнозата останува неизвесна поради сложената клиничка слика.

Папата во последните две години имаше неколку здравствени проблеми.

Поради плеврит, или воспаление на мембраната што ги опкружува белите дробови, што папата ја развил како млад човек и операција на белите дробови, тој е склон кон инфекции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трагедија во одморалиште, двајца руски туристи пронајдени мртви

Билатералната пневмонија е сериозна инфекција која може да предизвика воспаление и лузни и може да го отежне дишењето.

Ватикан, исто така, соопшти дека папата имал „продолжена респираторна криза слична на астма“ во саботата, но дека немало повторливи симптоми.