Двајца 22-годишници од Куманово биле приведени по бркотница со полицијата, при што е запленета марихуана, а потоа нападнале и полицајци.
– На 26.02.2025 во 20.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.Т.(22) и Д.Т.(22), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, претходно, на улицата „Фетка Наскова“, тие не застанале на даден знак од полициски службеници и притоа фрлиле две тегли со марихуана, кои биле пронајдени и одземени.
– Лицата се приведени, а при приведувањето ги нападнале полициските службеници. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски