Полски воени авиони рано утринава го прелетаа воздушниот простор на земјата за да ја зголемат безбедноста, откако Русија изврши воздушни напади врз Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.
Loading...
„Преземените чекори се насочени кон обезбедување безбедност во регионите кои граничат со загрозените области“, соопшти Командата, пренесе Ројтерс.
Тревога претходно беше прогласена на целата територија на Украина.