Турски авион принудно слета по тепачка на четворица патници

Сподели со своите пријатели

Поради расправија меѓу четворица патници, турски авион на линијата Анталија-Астана принудно слета во Ерзурум.

Loading...

И покрај напорите на стјуардесите на авиокомпанијата Пегасус да ги смират патниците кои започнале расправија, конфликтот прераснал во тепачка, објави турскиот портал Sozcu.

Пар од Украина и две патнички од Казахстан се скарале само неколку минути по полетувањето на авионот, а причината за конфликтот се уште не е позната.

Бидејќи стјуардесите не можеле да ги задржат патниците, пилотот принудно слетал во Ерзурум.

По инцидентот, безбедносните сили, за да ја осигураат безбедноста на останатите патници во авионот, ја однеле раскараната четворка во полициска станица да дадат изјави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трите најголеми австриски центристички партии се договорија за коалицирање

На приведените патници им биле извршени лекарски прегледи во Градската болница во Ерзурум и Универзитетската истражувачка болница Ататурк.

По инцидентот, авионот чекал околу еден час на аеродромот во Ерзурум и откако ги евакуирал патниците, повторно полетал и го продолжил летот за Астана.

Овој инцидент е евидентиран како „значајна интервенција во однос на безбедноста на летот“, пренесува Танјуг.

Loading...