Москва: Соработникот на Путин не е мртов, но е во тешка состојба

Сподели со своите пријатели

Според ажурираните информации на агенцијата Интерфакс, Армен Саркисијан, претседател на Боксерската федерација на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДПР), познат и како Армен Горловски, не загинал во експлозијата во зградата денеска како што беше претходно објавено, но е во тешка состојба.

Loading...

– Саргсјан е хоспитализиран. Неговата состојба е оценета како исклучително сериозна – изјавил изворот на агенцијата.

Московското обвинителство изјави за новинарите дека надлежните органи „го следат утврдувањето на околностите за инцидентот во станбен комплекс во северозападна Москва“.

Во експлозијата се повредени четири лица.

Извор на РИА Новости рече дека експлозивната направа била околу 300 грама ТНТ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ројтерс: Русија ги гледа Саудиска Арабија и ОАЕ како потенцијални места за средба на Трамп и Путин

Експлозијата се случила утрово во фоајето на станбениот комплекс „Пурпурна Џедра“.