Трамп: УСАИД го водат куп радикални лудаци

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) ја водат „куп радикални лудаци“ и дека е лошо управувана и дека ќе ги исфрли „лудаците“ од агенцијата пред да се донесе одлука за нејзината иднината.

Loading...

Трамп во неделата го пофали шефот на Одделот за владина ефикасност, Илон Маск, за суспензијата на двајца врвни безбедносни функционери на УСАИД, откако тие се обидоа да го спречат одделот да пристапи до системите на агенцијата, објави американскиот портал The Hill.

Американскиот претседател рече дека нема секогаш да ги слуша советите на Маск за намалување на трошоците во федералната влада.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Калас: Кина ќе се смее од страна ако САД и Европа започнат трговска војна

Маск сепак утринава изјави дека УСАИД ќе биде затворена, а Трамп се согласил со него за тоа.

Во меѓувреме, Маск на платформата Х напиша дека УСАИД е „криминална организација“.

Администрацијата на Трамп бара правни патишта што претседателот би можел да ги искористи за да потпише извршна наредба со која ќе се стави крај на независноста на УСАИД, објави во петокот Ројтерс.

Трамп неодамна потпиша извршна наредба за замрзнување на странската помош на три месеци и им нареди на официјалните лица да ги разгледаат сите програми за да се осигураат дека се во согласност со неговата визија за надворешната политика на САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марко Рубио: Кинеското влијание врз Панамскиот канал претставува закана, статус кво неприфатливо

Неодамна во медиумите се појави информација дека Трамп размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот.

Loading...

УСАИД испраќа помош до заедниците погодени од конфликти и им помага на земјите во развој во многу аспекти.

Демократите го критикуваа Трамп за откривањето на плановите за спојување на УСАИД со Стејт департментот, истакнувајќи дека агенцијата е „независна институција по статут“.