Русија осуди Израел за забрана на активностите на УНРВА

Сподели со своите пријатели

Забраната за активностите на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) во Израел ќе предизвика тешки хуманитарни последици за Палестинците, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, осудувајќи го Израел за ваквата одлука.

„Постапките на израелските власти ги прекршуваат општо признатите меѓународни правни норми и принципи. Поаѓајќи од фактот дека окупаторската сила Израел не може да го прошири својот суверенитет на окупираните палестински територии, до неисполнувањето на обврските од Женевската конвенција од 1949 година во однос на заштитата на цивили во време на војна“, беше објавено денеска на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи, пренесува Интерфакс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Виткоф и Кушнер ја откажаа посетата на Израел

Се нагласува дека „ваквите самоволни чекори, оптоварени со најтешки хуманитарни последици за Палестинците, се длабоко разочарувачки и заслужуваат осуда“, бидејќи стотици илјади деца, жени и стари лица ризикуваат да бидат оставени на својата судбина, пренесува Танјуг.

Москва е убедена дека мисијата УНРВА, која со децении е гарант на основното право за враќање на палестинските бегалци, треба да продолжи да работи се додека не се постигне конечно мирно решение на палестинско-израелскиот конфликт.

„Ова решение предвидува создавање на независна суверена држава Палестина во границите од 1967 година, со источен Ерусалим како главен град, која ќе функционира во безбедност и мирен соживот со Израел“, се вели во соопштението на руското МНР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Oодлуката за прекин на војната во Иран ќе ја донесам заедно со Нетанјаху

На 30 јануари стапија на сила израелските прописи со кои им забрануваат на израелските власти да контактираат со УНРВА и ѝ забрануваат на агенцијата да работи во Израел, објавија претходно светските медиуми.