Ројтерс: Трамп има намера да ја стави УСАИД под контрола на Стејт департментот

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим имаат намера да ја стават американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) под контрола на Стејт департментот, што би значело дека агенцијата повеќе нема да има автономија во одлучувањето.

Loading...

Трамп покрена иницијатива која вклучува замрзнување на странската помош за 90 дена додека ја испитува можноста за одземање на автономијата на УСАИД преку извршна наредба, објави Ројтерс, пренесува Танјуг.

Во тој случај, сите одлуки донесени од таа агенција би требало да бидат одобрени од државниот секретар Марко Рубио и остатокот од тимот што ја води американската извршна власт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп вели дека апсолутно ќе воведе царини за производите на ЕУ

Сепак, правните експерти сметаат дека таквиот потег може да биде проблематичен, бидејќи УСАИД е независна агенција и за нејзино ставање под контрола на Стејт департментот би можело да бидат потребни законски измени, или одобрување од Конгресот, што Трамп не може да го спроведе само преку извршна акција.

Демократските лидери, вклучувајќи го и поранешниот лидер на демократите во Сенатот, Чак Шумер, веќе најавија правна борба против овој потег.

Шумер ја означи иницијативата на Трамп како „неуставна“ и најави дека, доколку се продолжи, тој ќе поднесе тужба и дека судовите ќе одлучуваат за уставноста на таквата одлука.

Соединетите Американски Држави се најголемиот светски донатор на помош, а во фискалната 2023 година исплатија 72 милијарди долари помош ширум светот, вклучувајќи програми за здравјето на жените во конфликтните зони, пристап до чиста вода, третман за ХИВ/СИДА, енергетска безбедност и работа за борба корупција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Од денеска стапуваат царини за стоки од Канада, Мексико и Кина