Не сакаат да бидат дел од САД: 85 отсто од Гренланѓаните ја отфрлија понудата на Трамп

Сподели со своите пријатели

Истражувањето на јавното мислење покажа дека 85 отсто од Гренланѓаните не сакаат нивниот арктички остров – полуавтономна данска територија – да стане дел од САД, пишува данскиот дневен весник „Берлингске“.

Loading...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави претходно овој месец дека Гренланд е од витално значење за безбедноста на САД и дека Данска треба да се откаже од контролата на стратешки важниот остров.

Истражувањето нарачано од дански весник покажа дека само шест отсто од Гренланѓаните се за да станат дел од САД, додека девет отсто се неопределени.

Данска во понеделникот објави дека ќе потроши две милијарди долари за зајакнување на своето воено присуство на Арктикот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 20 Американци се водат како исчезнати во борбите во Украина

Гренланд, кој е поголем од Мексико и има 57.000 жители, доби широка автономија во 2009 година, вклучувајќи го и правото да прогласи независност од Данска преку референдум.

Гренландскиот премиер Муте Егеде, кој ја поддржува независноста, во неколку наврати изјави дека островот не е на продажба и дека неговите жители треба да одлучат за нивната иднина.

Американската војска има постојано присуство во базата Питуфик во северозападниот дел на Гренланд.